Новата генерација на Intel Core процесори со 14nm архитектура

Дејан Соколоски

во feature, Хардвер

Архитектурата и на новата 8-ма генерација на Intel Core процесори ќе остане 14nm. До неодамна се шпекулираше дека новата генерација Cannonlake процесори ќе биде револуционерна и ќе доаѓа со 10nm архитектура.

Добра вест е дека Cannon Lake процесорите ќе бидат 15% побрзи, а оваа генерација ќе биде надградба на Kaby Lake. Лоша вест за сите кои се подготвува за оваа надградба е дека сепак генерацијата е „mobile first“, јави Anand Tech. Intel подолго време се обидува да влезе на пазарот на мобилни процесори и да ја растури доминацијата на ARM. Засега ова е без успех, но добра вест е дека дел од iPhone телефоните доаѓаат со процесор произведен во Intel.

Иако Intel го помести излегувањето на 10nm процесор, Qualcomm ќе го презентира својот 10nm процесор оваа година. Ова секако не е показател дека Qualcomm накоро ќе се обиде да ја предизвика доминацијата на Intel. Сепак изгледа дека барем кога мобилните процесори се во прашање Snapdragon уште долго време ќе го има главниот збор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии