Нова YouTube апликација сега е достапна за iPhone и iPod Touch

Виктор Дано

во Совети, Софтвер

Google ја објави новата официјална апликација за YouTube која e е изградена од YouTube инжинерите за да се понуди „најдоброто мобилно искуство“. Aпликацијата се појавува ден пред да биде претставен iPhone 5, на кој нема да има претходно инсталирано YouTube како што беше случајот до сега. Причината за ова е што на Apple му заврши договорот со Google.

Со апликацијата корисниците имаат пристап до најновите музички видеа, нов водич за канали, полесно и побрзо пронаоѓање на видеа, повеќе опции за споделување видеа со корисниците, односно споделување видеа на Facebook, Twitter и Google+.

Во блог постот YouTube инжинерите најавија дека работат на оптимизирана верзија на апликацијата за iPad која ќе се појави „наскоро“.

1 коментар на “Нова YouTube апликација сега е достапна за iPhone и iPod Touch

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии