Нова „војна“ во Европа, француските хотелиери против Airbnb

Француските хотелиери тврдат дека популарниот сервис за изнајмување недвижнини Airbnb е агенција за недвижнини и мора да биде третиран така.

Airbnb е еден од највредните стартапи, а претставува платформа која ги спојува луѓето кои изнајмуваат станов со луѓето на кои им е потребен стан.

„Airbnb не само што креира поврзување помеѓу двајца корисници, креира маркет на краткорочно изнајмување, помага за договарање на цените, централизирано плаќање, обезбедува осигурување, објавува и рекламира…

Овие елементи покажуваат дека станува збор за многу повеќе од посредник“, вели Квентин Мичелон, претставник на AhTop за Reuters.

Асоцијацијата на хотелиери AhTop, претставува 30 000 хотели  и синдикати и започна судска постапка во Франција. Францускиот суд експресно го префрли спорот пред Европскиот суд на правдата.

Она што може да биде проблем за Airbnb е што во сличен случај за Uber судот пресуди дека станува збор за сервис за транспорт, а не за дигитална апликација, која е посредник.