Нова виртуелна валута ќе ве награди ако пешачите

Bitwalking dollars се нова крипто-валута која ќе ве награди ако пешачите. За разлика од Bitcoin кои се генерира со пресметки, новата крипто-валута се генерира со пешачење, објасни BBC. Креаторите на дигиталната валута, Нисан Бахар и Френки Имбеси, велат дека сакаат да ги мотивираат луѓето да живеат подобро така што ќе ги наградат со виртуелни пари. Колку повеќе одите, толку ќе биде поголема економијата на bitwalking dollars. Но, за да функционира оваа валута треба да има луѓе што ќе ја користат.

Биткоините кои се сепак платежно средство кое го менувате за некаква корист, од BW$ освен самиот корисник никој друг нема корист. Сепак доколку помисливте дека ова е глупава идеја во која никој не би инвестирал, се лажете. На jапонски инвеститори толку им се допадна идејата што инвестираа над 10 милиони долари во неа.

Броењето на чекори се прави со помош на апликација за паметен телефон, а за околу 10.000 чекори или 8 километри се заработува 1 Bitwalking Dollar. Идејата се разбира е да се подобри здравјето на луѓето, но авторите на апликацијата сакаат крипто-валутата да биде достапна глобално. Ова би овозможило жителите на руралните и неразвиени места да заработуваат повеќе отколку жителите на градовите со централизирано население, но вистинското прашање е каде би можела да се користи валутата за купување. Се планира замена на крипто-валутата во реални пари кои би можеле да се потрошат во било која продавница, но во овој случај интересот и инвестирањето во сервисот би морале да доаѓаат однадвор, односно изгледа речиси неверојатно дека ќе биде самооддржлив.

Апликацијата ќе биде достапна во Велика Британија, Јапонија, Малави и Кенија, а јапонската компанија Murata работи на паметна алка која ќе може да ја замени апликацијата и телефонот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии