Нова верзија на ransomware: зарази ги пријателите за да се ослободиш

Еден од најопасните малициозни софтвери, ransomware, сега има нова можност за исплата. Сите кои имаат инфицирани машини сега можат да се ослободат од вирусот ако заразат двајца (не)пријатели.

Начинот на кој ова се остварува е преку инфицирана Popcorn Time апликација. Несреќникот чиj компјутер е заразен може да ја сподели апликацијата со двајца (не)пријатели. Потоа ако овие пријатели платат напаѓачот ќе го испрати клучот за декрипција на податоците на оригиналниот праќач. Проширувањето на вирусот секако е пирамидална шема. Ако корисникот не е заинтересиран да го рашири вирусот може или да се збогува со податоците или да плати за своето отклучување на податоците.

Ransomware e напад кој ги криптира податоците и ги прави неупотребливи. Сите податоци остануваат на дискот на корисникот, но се неупотребливи. Доколку корисникот се одлучи да го исплати напаѓачот, тој ќе му испрати клуч со кој може да дојде до своите податоци. Некои верзии се со тајмер кој покажува колку време има корисникот пред неговите податоци да бидат избришани.

PopcornTime е една од најпопуларните апликации за гледање на пиратски видеа. Апликацијата беше многу попопуларна пред 1-2 години, кога имаше и повеќе надградби и верзии. Сега се чини дека корисниците сепак почесто симнуваат филмови и ги прегледуваат преку друг софтвер.

Начинот на кој се шири вирусот засега е недокажан, па останува да видиме дали ова како модел ќе биде погодно за ширење на инфекција. Дополнително најверојатно креаторите на вирусот ќе креираат и друг начин за првично ширење на PopcornTime Ransomware.

„Никој не знае дали оваа механика ќе има значително влијаните. Инфицирате некого и се надевате дека ќе го убедите да зарази и други луѓе. Ова е процес помеѓу луѓе. Дали ќе има друг начин на ширење? Дали овој процес ќе функционира економски?“, вели Џеремаја Гросман, од SentinelOne за Wired.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии