Нова верзија на OpenOffice.org

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Бесплатната апликација со канцелариски програми OpenOffice.org вчера ја претстави својата најнова верзија 2.4. Најновата верзија е достапна за превземање за оперативните системи Windows, Linux и Mac OS X. Новата верзија на OpenOffice.org вклучува голем број на подобрувања, закрпи за сигурносни грешки и подобрена функционалност.

Едни од позабележителните промени се:

– Конектирање до WebDAV сервери преку сигурен протокол (HTTPS)
– Нови икони за тулбарите
– Подобрено зачувување на лозинки
– PDF документи: релативни линкови, референци, одсега поддржува и PDF/A-1 (ISO 19005-1)
– Mac OS X – поддршка за Quicktime за видео и звук
– Подобрувања при печатење на документи
– Подобрена локализација со 10 нови јазици

Целата листа е достапна тука.

OpenOffice.org е водечка бесплатна апликација за канцелариски намени – пишување и преработка на текстови, табеларни податоци, презентации, графика, датабази и многу други работи и неговиот развој е поддржан од Sun Microsystems. Софтверот е достапен на повеќе јазици, вклучувајќи го и македонскиот и сите негови апликации го користат интернационалниот отворен формат.

Софтверот може да биде користен бесплатно за било која намена, па доколку користите нелегален софтвер за Вашиот бизнис не би било лошо со цел избегнување на инспекции и казни да го разгледате повнимателно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии