Нова ТВ и МОСТ издадоа алатка за новинари, GetData

GetData е алатка која треба да им помогне на новинарите полесно да пронајдат податоци за сториите кои ги работат. GetData најмногу ќе им помогне на новинарите од областа на истражувачкото новинарство кои работат на приказни за корупција, но секако ќе им биде од корист и во друга пригода.

Целта на алатката е да се обезбеди поголема транспарентност. Овие податоци и онака се достапни во јавните бази на податоци, но често нивното пронаоѓање е посложено… Пребарувањето онлајн не може да ја замени теренската работа, но во денешно време е исклучително важно. GetData треба да го олесни пронаоѓањето на потребните документи во купот; селекција на важните од неважните и на изнаоѓање начини за полесно доаѓање до вистинските податоци кои им се потребни на истражувачките новинари.

Алатката е дело на Нова ТВ и МОСТ и овозможува на едно место да бидат лоцирани сите податоци кои се достапни во јавните бази. Освен поедноставно пронаоѓање на податоци, алатките овозможуваат и споделување на знање и соработка. Нова ТВ со својот капацитет ќе се обиде да им помогне на граѓаните и новинарите со алатки, обуки и финансиска поддршка. Автори на алатката се: Сашка Цветковска и Мери Јордановска, а дизајнот е на Елена Митревска Цуцковска. Проектниот тим е составен од: Теодора Поп Трајков, Лазар Кескинов, Златко Димитриоски и Борјан Јовановски.

„Во оваа секција од Getdata сакаме да ги поттикнеме новинарите да ги користат ресурсите на невладините организации во своите истражувања. Исто така, да го ги поттикнеме и организациите активно да ги следат новинарските истражувања и да обезбедат дополнителни акции во рамки на нивните делувања, со цел обезбедување правни развршници на случаите кои биле откриени и помагање на граѓаните да обезбедат правда.“, велат од НоваТВ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии