Нова Steam распродажба нѝ доаѓа на крајот од јануари

И додека сеуште тресе грозницата од неодамна-завршената зимска распродажба, Steam вредно се подготвува за уште едно изненадување од намалени цени.

Наредната распродажба се поклопува со новата Лунарна Година. Во годината на стаорецот, стотици игри ќе се продаваат со намалени цени, од 23 јануари.

Иако ништо не е дефинирано, се очекува лунарната распродажба да понуди слични механизми како во 2019 година. Со оглед на нивната популарност од претходната година, очекуваме истите ваучери со 5 долари попуст повторно да се вратат. Новите игри нема да бидат на попуст. Од откриеното писмо до издавачите, јасно стои дека Valve не сакаат да се нудат на попуст игри кои излегле во последните 30 дена.

Steam Lunar New Year распродажбата ќе трае цели пет дена, односно од 23 јануари па се до 27 јануари. Се надеваме дека не се целосно потрошивте за новогодишните празници. Која игра би сакале да ја купите на оваа распродажба?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии