Нова спорна политичка кампања на Facebook?

Поради неавтентично делување 32 страници и профили се отстранети од Facebook и Instagram. Повторно станува збор за објави кои прават раздор во јавноста, се однесуваат на настани кои се одржуваат во САД, а доаѓаат надвор од САД.

Засега е нејасно од каде произлегува новата кампања, но во постот кој го објави Facebook повторно се споменува руската државна трол фарма Internet Research Agency. Иако друштвената мрежа не може да потврди од каде овој пат доаѓаат профилите, сепак има некакви податоци. Друштвената мрежа отстрани 17 Facebook профили, 8 страници и 7 Instagram профили. Страниците се креирани помеѓу март 2017 и мај 2018, а имаат над 290 000 следбеници. Најмногу следбеници имаа страниците Aztlan Warriors, Black Elevation, Mindful Being и Resisters. Пред да бидат отстранети на реклами потрошиле 11 000 долари.

Освен реклами, страниците организирале и триесетина настани, но ниту еден немал спектакуларна посетеност.

„Сè уште сме во рана фаза на истрагата и ги немаме сите факти, вклучувајќи и кој е зад ова. Сепак ги споделуваме овие податоци имајќи ги предвид лошите искуства од порано и протестите закажани во Вашингтон следната недела. Ќе додаме повеќе детали кога ќе ги дознаеме…“

Што се однесува до настаните во Вашингтон, станува збор за марш и протест. Оваа соодветствува и на претходните практики кои покажуваа дека влијанието се правеше преку промоција на „леви“ и „десни“ настани и со тоа сеење раздор. Еве дел од содржините кои излегоа од овие страници: