Нова серија графички картички од Nvidia пристига наскоро?

Во меѓувреме Nvidia веќе ја најви новата серија на графички картички. Ќе станува збор за графички картички базирани на Turing процесорите.

Првите три картички се RTX 8000, the RTX 6000 и RTX 5000. Станува збор за комбинација на RT и Tensor јадра  која оваозможува симулација на реални сценарија 6 пати побрзо отколку Pascal јадрата.

Станува збор за графички картички кои нема да ги користите за гејминг, фокуст на првите три картички се визуелните ефекти и рендеририрањето. Доаѓаат со помеѓу 16, 24 и 48 GB RAM. Секако некој не и очекува дека картичките ќе бидат евтини и чинат од 2 300 до 10 000 долари.


Ако им веrуваме на гласините новите графички картички од Nvidia треба да се појават пред крајот на летото. Засега е непознато кога точно ќе се случи ова, а не е баш јасно ни кое ќе биде името на новите графички.

Архитектурата на новата генерација најверојатно ќе биде Volta. Но постои шпекулација дека можеби ќе биде Turing. Иако сите очекуваа GTX 1180, сега е можно следната картичка да биде со името RTX 2080, јави Tom’s Hardware. Дали RTX ќе биде замена за GTX е непознато, но Nvidia ја заштити оваа кратенка. Ако компанијата рипне на 2xxx тогаш веројатно следната графичка ќе биде со Turing архитектура.

За жал за најинтересните прашања засега немаме одговор, туку само шпекулации. Така ако ве интересира то велат шпекулациите, најверојатно е дека следната графичка ќе може да оперира на 4К од 120 Hz до 144 Hz.

Што се однесува до цената проценката е дека ќе има две верзии, „буџет“ верзија од 1000 долари! и помоќна верзија со повеќе RAM и цена од околу 1500 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии