Спонзориран текст

Нова Project Based Learning Академија за iOS програмирање од Brainster и CodeWell

Спонзорирано од Brainster

во Спонзорирани

Дали сакаш да научиш да програмираш со работа на реални апликации? Академијата за iOS програмирање на мобилни апликации на Brainster и Codewell почнува на 16ти април, и за учесниците ќе биде обезбедена целосно опремена лабораторија со iOS development workstations. Аплицирај тука за можност да бидеш дел од програмата, селекцијата на кандидати започнува на 1ви март.

На новата Project Based Learning Академија за iOS програмирање на мобилни апликации на Brainster и CodeWell, учесниците ќе научат да програмираат преку работа на реални продукти. Преку 16 неделната Академија која започнува на 16ти април,  учесниците целосно ќе изработат 3 мобилни апликации кои ќе служат како референца за нивното идно вработување и ќе ја лансираат својата нова кариера како програмери. Дел од проектите ќе помагаат во решавањето на некој општествен проблем од типот на Komunicira.me

Со оваа програма, прва од овој тип во Македонија, ќе ја затвориме празнината помеѓу она што учесниците го знаат и она што го можат. Студентите самостојно ќе смислуваат иновативни решенија, а во исто време ќе бидат одговорни за градење комплетна и функционална iOS мобилна апликација. Покрај финалниот проект, учесниците ќе имаат неделни предизвици и мини проекти за време на програмата. Главен инструктор на академијата e Мартин Анчевски, еден од основачите на компанијата CodeWell и главниот технички експерт заслужен за спроведување на многу успешни проекти.

За потребите на оваа академија е обезбедена целосно опремена лабораторија со iOS development workstations со чија помош ќе работат на проектите. Селекцијата на кандидатите започнува на 1ви Март, а групата ќе биде составена од 15те најдобри учесници. Ако сакаш да бидеш дел од оваа академија, аплицирај тука.

Brainster е иновативна компанија за едукација и кариерна трансформација кој преку курсеви и Академии им овозможува на сите да дојдат до кариера која отсекогаш ја посакувале, па ги поврзува со компаниите кои имаат потреба од таленти.

CodeWell е интернационална компанија која нуди IT решенија и услуги со бескомпромисен квалитет и вредност за клиенти ширум светот, една од првите во Република Македонија специјализирана за изработка и развој на мобилни апликации. CodeWell е тим што има лансирано повеќе интернационални стартапи, меѓу  кои е и “Letz” кој што на компанијата ѝ донесе значителен успех, подем и искуство. CodeWell има комплетирано повеќе од 100 успешни проекти, а дел од нив за Sony Music Entertainment, Heineken, Holland Casino, Raiffeisen Bank, T-Mobile и Vip.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Brainster. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии