Нова почетна страна на Twtter, фокусот е на пребарувањето

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}Треба да направиме нешто за полесно да им објасниме на луѓето кои не чуле за нас и кои не знаат што да прават, рече Биз Стоун, ко-основачот на Twitter, минатата недела. Тоа решениe e нова почетна страна на сервисот за микро-блогирање која се фокусира пред се на пребарувањето и популарните трендови.

Еве што вели Јане Ѓорѓиоски
@ribaro за новата почетна страна на Twitter. (сликата е постирана на TwitPic)

{mosimage}

Пребарување е едно од најинтересните нешто што го нуди Twitter, но таа опција долго време беше скриена, а подоцна додадена и во корисничките профили. Но, што се однесува до корисниците на сервисот, кој од нив го менаџира својот Twitter профил преку официјалната страна на Twitter? Никој, бидејќи сите користат лесни и ефективни апликации, пример TwittDeck или TwittFox. (повеќе за нив во нашиот Twitter водич)

„Страната е добра за љубопитни кои не се Twitter корисници, бидејќи нема ограничување. Корисниците скоро и да не ја отвараат Twitter.com“ вели Дарко Крстевски @dasaf.

Во секој случај почетната страна на Twitter може да стане место и за корисниците на сервисот и за љубопитните, но и тие што сакаат да го пребаруваат сервисот за информации, а немаат намера да отворат профил.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии