Нова платформа на Facebook за проширена реалност

Неколку години по купувањето на Oculus, најголемата друштвена мрежа претстави еден дел од своите планови. Facebook Spaces се првите 1% од планот на друштвената мрежа за иднината на проширената реалност.

Image: Facebook

За почеток, Facebook Spaces ќе биде достапен на Oculus Rift и Touch контролер. Од друштвената мрежа веќе работат на додавање на сите останати уреди.

Идејата на првиот дел од виртуелната реалност, кој е интегриран во друштвената мрежа, е да им овозможи на корисниците да бидат со блиските и кога ова не е можно. Секој од корисниците може да крeира сопствен дигитален аватар кој ќе соодветствува на претставата која тој ја има за себе. Вака секој корисник ќе може да се чувствува поудобно во виртуелниот свет. Креирањето на аватарот е едноставно и започнува со избор на една од facebook-сликите на корисникот. Потоа платформата автоматски препорачува дел од опциите за прилагодување на аватарот.

„Креирањето на карактер со кој се идентификувате во Facebook Spaces е едноставно. Ова им помага на луѓето да ве препознаат, а во виртуелната реалност ќе биде полесно да замислите дека разговарете во живо.“

Платформата помалку потсетува на „Second Life“, но наместо на екранот, корисниците своите моменти ги споделуваат во виртуелната реалност. Од она што може да го видиме на видеата, платформата изгледа импресивно, иако изгледа и помалку неверојатно.

Spaces на моменти не изгледа премногу различно од идејата на Microsoft. Корисникот може да поставува виртуелни додатоци. Тие може бидат минимални како налепница или екран, но и огромни и во целост да ја заменат околината. На прв поглед најголемата разлика е тоа што кај друштвената мрежа објектите се поставуваат во просторот, но сепак се дводимензионални.

Засега тимот кој во Facebook работи на виртуелна реалност е мал, помеѓу 30 и 50 вработени. Без сомневање како ќе се приклучуваат нови корисници така и бројот на вклучени во развојот на платформата ќе расте. Она што може да ги израдува корисниците е дека Facebook сака да ги вклучи сите на новата платформа, а не само Oculus. Со оглед на тоа дека со Oculus, Facebook има сопствен хардвер на платформата, ова секако е за поздравување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии