Нова македонска апликација што ви овозможува вести и информации од проверени извори

Aпликацијата GRID ги зема предвид вашите преференци во поглед на тоа какви вести сакате да читате. Апликацијата преку едноставен дизајн ви овозможува да ги следите вестите во неколку категории – Вести, Забава, Спорт, Твитер, Најнови, Мои вести и Бум мени.

Првите три категории имаат дополнително неколку поткатегории кои попрецизно ги распоредуваат информациите и медиумите. Во категоријата „Твитер“ се опфатени најпопуларните твитови во текот на актуелниот ден. Категоријата „Најнови“, пак, хронолошки ги сортира вестите по ваш избор на категорија. Со категоријата  „Мои вести“ можете да зачувате вест што сакате да ја прочитате подоцна. Бум менито е информативно мени за најновите настани, концерти, театарски претстави, филмови, спортски натпревари, временска прогноза, хороскоп и ТВ-програма.

Она што претставува новитет е можноста сами да изберете од кои медиуми ќе ги добивате вашите вести или, пак, сами да направите категории на вести по ваша желба За користењето на овие персонализирани опции потребно е да се најавите преку вашиот Гугл или Фејсбук-профил и потоа со неколку скролања по екранот да ја направите посакуваната категорија  вести, зависно од темите и медиумите кои се од ваш интерес.

Проверете ја апликацијата и самите на Google Playstore или регистрирајте се да бидете првите кои ќе ја добијат новата iOS верзија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии