Нова .mk апликација Call Plate за побезболен сообраќај

Call Plate – Blocked Vehicle е нова македонска Android апликација изработена од Бојан Ивановски. Во недостаток на подобро објаснување станува збор за друштвена мрежа во која се зачленувате со регистрацијата на автомобилот. Ова е клучен податок кој е неопходен за работа на сервисот.

Всушност станува збор за платформа со која може да комуницирате со возачите на возилата кои не ги знаете, ако им ја знаете регистрација. Секако ова е бескорисна функционалност и за среќа ова не е намената на Call Plate. Наместо ова, апликацијата им овозможува на корисниците да ги известат сопствениците на возила ако нивното возило е непрописно паркирано, ако поради лошо паркирање некој е заглавен или ако сопственикот на возилото ги заборавил светлата или трепкачите вклучени.

Преку апликацијата корисникот со текст порака го известува сопственикот на возилото за некаков проблем. Штом примателот ја добие пораката, корисникот кој ја испратил ќе добие нотификација и може да започнат текст разговор. Ова звучи  на одлично решение кое веројатно ќе спречи многу нервози, иако тешко е веројатно дека комуникацијата секогаш ќе биде цивилизирана.

За жал апликацијата доаѓа со едно прилично големо ограничување. За воопшто да може да комуницираат двата корисници мора да ја имаат инсталирано апликацијата, во спротивно секој обид за комуникација е залуден. Веројатно убедувањето што е можно поголем број на корисници да ја користат апликација е следниот предизвик пред развивачите на апликацијата.

1 коментар на “Нова .mk апликација Call Plate за побезболен сообраќај

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии