Нова Македонија – изгубени во преводот

Авторот на текстот “забавувајќи се” со Google Translate, се чуди како сервисот го преведува името на бившиот претседател Киро Глигоров како Вилијам Џеферсон Клинтон и целиот текст го базира на тоа.

На „Гугл транслејт“ ставивме пасус од колумна што се однесува на атентатот на Глигоров.

„Така, една недела пред 10 октомври, за кога беше закажана седницата за ратификација, но и големите демонстрации во организација на вонпарламентарната опозиција (ДП и ВМРО-ДПМНЕ), на 3 октомври „случајно“ се случи атентатот врз Киро Глигоров.“

Иако името на поранешниот македонски претседател „Гугл“ најчесто точно го преведува, Глигоров стана Вилијам Џеферсон Клинтон (полното име на поранешниот претседател на САД Бил Клинтон).

„Со, а њеек бефоре Оцтобер 10, њхен хе њас сцхедулед меетинг фор ратифицатион, бут тхе ларге демонстратионс организед бѕ оппоситион вонпарламентарната (ДП анд ВМРО-ДПМНЕ), он Оцтобер 3 „ацциденталлѕ“ цаме тхе ассассинатион оф Њиллиам Јефферсон Цлинтон“.
<- Добро, кој може да го прочита ова!?!?!

Како вештачкиот мозок на „Гугл“ го превел Глигоров како Клинтон, па уште и дека бил вршен атентат врз него (врз Клинтон немаше атентат) – е непознато.

Авторот, наместо да го сконцентрира својот текст на предностите кои ни ги овозможува Google со ова, безполезно го критикува Translate и без аргументи расправа зошто и како Google згрешил, притоа обесхрабрувајќи голем број читатели да го користат преведувачкиот сервис и да преведуваат лесно и едноставно текстови на преку 40 јазици.

Преводите се создаваат врз принцип на компјутерски алгоритми, па така сервисот неможе да го одреди контекстот на зборови и затоа грешките се многу чести, но со се поголемото користење на Google Translate на македонски, сервисот ќе почне да учи и да се подобрува, а постои и можноста самите корисници директно да придонесат – или преку формата под преводот или пак преку испраќање на бројни билингвални и мултилингвални текстови (инструкции на следниов линк).

Македонскиот јазик беше додаден пред некој ден и навистина е смешно да очекуваме преводи без грешки. Крајно разочарувачки е тоа што традиционалните медиуми како Нова Македонија наместо да создаваат позитивна слика за она што се случува, да “плукаат” на овој начин.

Порака до авторот А.Б.: Наместо да трошиш скапоцено време и да пишуваш ваков текст, подобро исправи го неточниот превод преку формата наменета за тоа и придонеси кон развој на преводите на македонскиот јазик преку Google Translate. Еве што се е потребно = ЧЕКОР ПО ЧЕКОР!

1. Кликни на „Contribute a better translation”

2. Наместо „William Jefferson Clinton” (а не „Њиллиам Јефферсон Цлинтон”!!!), внеси „Kiro Gligorov”

3. И за крај, притисни го копчето „Contribute”

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии