Нова класа и ретро настан за Diablo 3

На неодамнешниот BlizzCon настан, не се најави ниту експанзија за Diаblo 3 ниту пак Diablo 4, но вестите беа доволно возбудливи да ги израдуваат повеќето фанови. Имено, добро-познатата класа од Diablo 2, Necromancer, се враќа во Diablo 3!

The Rise of the Necromancer е пакет од нова класа, милениче, два додатни слотови за креирање ликови, два додатни табови за складирање опрема, нова рамка, знаме, банер и ознака за истиот. Цената за овој пакет е сѐ уште непозната, но пакетот се очекува да излезе во 2017-та година.

Од друга страна, со најновата закрпа за годишнината, оригиналниот Diablo ќе биде пресоздаден во Diablo 3. Закрпата Darkening of Tristram ќе ви дозволи да го преиграте оригиналот така што ќе ве врати назад во катедралата и впушти низ шеснаесетте нивоа и четирите босови од Diablo 1. За ова цел, развивачите ќе воведат и соодветен графички филтер “Glorious Retrovision”, благодарејќи на кој играта ќе го добие препознатливиот ретро изглед, а движењата на ликовите ќе бидат „заклучени“ во осум насоки, како што беше случајот во деведесеттите.

slika-1

Ваквиот настан доаѓа во јануари, но сите кои сакаат предвреме да го проверат, можат да навлезат во длабочините на пеколот уште од наредната недела; преку PTR тестирањето. Специјалниот настан ќе се одржува еднаш годишно, а одличното решение за преигрување на класикот ќе ги отвори портите на добро-познатите ликови, но и на тогашните легендарни оружја и опрема.

slika-2

Blizzard се изјасни и дека ќе воведат две нови зони, целосно бесплатни за сопствениците на Diablo 3: Reaper of Souls. Зоните Shrouded Moors и Temple of the First Born доаѓаат по новата година и ќе бидат достапни преку авантуристичкиот режим на играње.

3 коментари на “Нова класа и ретро настан за Diablo 3

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии