Нова игра од Sleeping Dogs авторите, Smash + Grab

Поголемиот дел од оние кои ја играа Sleeping Dogs ќе се согласат дека играта понуди задоволително и алтернативно GTA искуство. Развивачите на оваа игра, United Front Games се покажаа како квалитетно студио и по неколку години молк конечно го споделија со јавноста нивниот најнов проект.

Smash + Grab не е она што можеби би очекувале од тим кој донесе впечатлива приказна, адреналински пресметки и трки низ улиците на Хонг Конг, но делува како интересен коктел за уживателите на мрежни тепачки во трето лице. Играта е базирана на тимска, тројца-на-тројца акција која вклучува дружење со ладни и огнени оружја. По завршување на секоја 15-минутна пресметка, вашите ликови не само што се надградуваат туку и се наградуваат со нови способности и облека. Надвор од пресметките, можете да го менувате изгледот на вашата банда од пет членови, како и на лидерите и поручниците кои командуваат со нив.

Smash + Grab ќе се појави во септемви, но во Steam Early Access форма. Како таква, играта ќе располага со две мапи и модови за мрежни пресметки, седум игриви лидери, 13 поручници и 20 различни продавници и вендинг машини кои можете да ги ограбувате. Во поглед на оружјата, ќе имате на располагање 12 основни оружја и 18 модови за оружјата. Подразбирливо, бројката и квалитетот на играта ќе се зголемува со поминот на времето.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии