Нова игра и нов успех, Robin Hood and the Merry Men успешно е финансирана

Ако некој од Македонија ги познава crowdfund платформите, тоа мора да се Final Frontier Games. Нивната нова игра Robhin Hood and the Merry Men успешно ја започна kickstarter кампањата.

Во моментив играта е поддржана од 1788 луѓе, а досега се собрани над 129.129долари. Интересот можеби и не е изненадување со оглед на тоа дека играта беше на 15 место на најочекуваните друштвени игри во категорија историја.

За околу еден час по лансирањето на кампањата, Robin Hood and the Merry Men доби поддршка од 650 луѓе. Во истиот период успеаја да соберат окоу 50.000 долари, 2,5 пати повеќе од потребната минимална сума. Сега сите се во исчекување до каде може да оди новата кампања и секако, што ќе бидат следните отклучувања.

Играта е кооперативна иако играчите играат и еден против друг за да се одлучи победникот. Сепак, целта на играта е да се победи принцот Џон, бидејќи ако ова не успее тогаш сите играчи губат.

Најверојатно и самиот наслов доволно ви навестува каде е сместена играта. Дејството се одвива во Нотингем, а играчите се во улога на водачиtе на „Merry Man“. Во „главнит улоги“ се Робин Худ, Литл Џон, Вил Скарлет и Џен Форчн.

Нова игра, сè е по старо

Ова е пета успешна кампања за друштвена игра од Македонија. Досега сите започнати проекти успешно се завршени и поважно, успешно затворени со испраќање на сите копии. Кампањата успешно ја завршија:

  • Small Star Empires – Archona Games
  • Cavern Tavern – The Secret of The Five Realms – Final Frontier Games
  • Rise to Nobility – Final Frontier Games
  • Galactic Warlords – Archona Games
  • Robin Hood and the Merry Men – Final Frontier Games


Наскоро и Archona Games ќе ја претстави својата нова игра, а има најави и за нови игри кои се развиваат независно од овие два издавачи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии