Нова функционалност на Разговор.мк за подобро ментално здравје

Посетите и разговорите со педагози и психијатар кога тоа е потребно се важен дел од здравјето на луѓето. За жал ова не е пракса во Македонија и најчесто луѓето не се консултираат и не ги посетуваат овие специјалисти дури и кога ова им е потребно.

За да го надмине овој јаз Разговор.мк додаде нова функционалност која ќе овозможи полесен и анонимен прв чекор за разговор со психолог. Наместо вообичаената начин на работа функционалноста овозможува корисниците полесно да дојдат до помошта која им е потребна.

Корисникот најпрво треба да одговори на три прашања:

  1. Кој е предизвикот со кој се соочувате?
  2. Од кога се појави предизвикот и/или симптомите?
  3. Што би сакале да добиете од советувањето со психолог?

И потоа да селектира две области кои го зафаќаат проблемот. Прашањата се препраќаат до психолози кои се експерти во овие области. Корисникот може да добие кратки бесплатни одговори од 5 различни психолози и да ги види сите различни перспективи на проблемот. Ако е потребно психологот може да понуди и бесплатна консултативна сесија.

За психолозите ова ќе овозможи да се специјализираат во потесни проблеми со кои сакаат да работат и да се фокусираат на нив.

„Нашата мисија е да им овозможиме на луѓето да живеат среќни и исполнети животи. Ова е мал чекор во тој правец и се надеваме дека оваа функционалност ќе го има влијанието кое го посакуваме“, велат од Разговор.мк.

Разговор.мк е македонски стартап основан од Георги Михаилов кој на своите корисници им помага да го негуваат своето ментално здравје преку брз, едноставен и анонимен пристап до психолози и советувачи. Пристапот до психолозите е онлајн, а Разговор.мк соработува со триесетина психолози експерти во различни области. Апликацијата е достапна на Android и iOS оперативните системи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии