Нова епизода за Guild Wars 2 на 21 ноември

Guild Wars 2 го објави трејлерот за третата епизода од нивната трета сезона.

Ако треjлерите се некакви показатели, ова ќе биде исклучително добра епизода за сите фанови, а за работите да бидат уште подобри играта се продава со 50% попуст. Имено, со купување на експанзијата, бесплатно ја добивате и основната игра, а сите епизоди се бесплатни сѐ додека се логирате во играта пред излегување на наредната епизода.

Ние бевме исклучително импресионирани од втората епизода и со нетрпение го очекуваме продолжувањето на авантурите во северниот дел на Шиверпикс. Заедно со новата епизода доаѓа и сосема нов фрактал или зандана за пет играчи. Таканаречениот Nightmare фрактал ви дозволува да се искачувате низ огромна кула која демне со моќни грозотии и токсични експерименти.

Guild Wars 2 го најавија и првиот легендарен оклоп!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии