Нова екстензија од Apple ви дозволува ефикасна синхронизација на лозинки креирани во Safari со Chrome и Edge на PC

Мартин Јованчевски

во Веб

Во случај да користите Safari на вашиот Mac, iPhone или iPad, лозинките кои ги имате создадено тука, можете лесно да ги префрлите за да можат да се користат при сурфање на Chrome или Edge преку вашето PC. Ова е можно со новата екстензија за прелистувач од Apple.

Преземете ја екстензијата тука. Иако се презема од продавницата на Google, лесно можете истата да ја активирате и на прелистувачот на Microsoft – Edge. По инсталација на екстензијата и кликнување на соодветното копче, кое е во форма на плав облак, ќе бидете замолени да преземете iCloud for Windows апликација. Ова, пак, се инсталира од продавницата на Microsoft. Звучи непотребно комплицирано, нели?

Во моментот кога ќе го средите тоа, добрата работа е тоа што лозинките кои сте ги создале преку Chrome и Edge од вашето PC автоматски ќе бидат синхронизирани и во iCloud. На тој начин, ефикасно ги синхронизирате сите лозинки независно од направата која ја користите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии