Нова безбедносна дупка за Internet Explorer, постои опасност дури и доколку не го користите

Од корисниците, ретко кој користи Internet Explorer. За нашите прелистувачки навики, често се потпираме на Chrome, Firefox или, во мал процент, на Edge. Но, Internet Explorer е придружна алатка на самиот оперативен систем и, сакале-несакале, игра одредена улога во нашите секојдневни активности.

Во последно време, корисниците се охрабруваат да го исклучат Internet Explorer затоа што нова безбедносна дупка ве прави ранливи за напади, дури и да не го користите овој прелистувач.

Безбедносниот истражувач Џон Пејџ откри дека новата безбедносна дупка дозволува IE прелистувачот да отвора MHT податоци, односно форматот кој прелистувачот го користи за да сочувува веб страни. Поради самата природа на безбедносната дупка, корисниците, објаснува Џон, ризикуваат напад дури и да секојдневно користат Google Chrome.

Нападот се состои во отворање MHT фајл испратен на вас од страна на хакерите. Во моментот кога ќе го отворите фајлот, хакерите добиваат пристап до вашиот компјутер и можат да ги максимално набљудуваат вашите секојдневни навики.

Џон Пејџ објаснува дека пред некој месец ги известил од Мајкрософт, но по две недели чекање, од компанијата го информирале дека не планираат итен фикс за ранливоста и го затвориле случајот. Тоа било причината поради која Џон решил да ја обелодени веста.

Најдоброто нешто за оваа ситуација се чини дека е деактивирање на Internet Explorer прелистувачот. Отворете Settings, кликнете на Apps, па Apps & Features. Од десната страна ќе забележите Related Settings. Кликнете на Program and Features опцијата.  Потоа, изберете Turn features on or off па дештиклирајте ја опцијата Internet Explorer 11. По рестартирање на системот, само Edge би можел да испливува на површина при одредени пребарувања. Се појавува и опцијата да се отвори со Internet Explorer некоја работа, но повеќе нема да биде функционална.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии