Нова алатка од Google ќе овозможи креирање на гифови од здодевните податоци

Графичката презентација на податоците најчесто не е најзабавна. Поради ова, а и за да ја олесни работата во изработката на презентации, Google го претстави Data GIF Maker.

„Алатката ја користиме за да презентираме конкурентни пребарување, но вие може да ја користите за што сакате. Анкети, бројки од продажба, рејтинг на филм и слично. Ако сакате да да презентирате бројки од пребарување, тогаш може да го направите ова од Google Trends која презентира средна вредност на пребарувањето за одреден период. Потоа овие бројки внесете ги во Data Gif Maker“, советува Google на својот блог.

Алатката е наменета за визуелизација и Google ја рекламира како можност за новинарите поедноставно да презентираат податоци. Сепак креирањето на анимирани слики ќе им биде корисно на сите кои имаат некаков допир со презентации на податоци.

Креирањето на GIF е прилично едноставно. Корисникот ги одбира имињата на сетовите на податоци и ги внесува нивните вредности. Одбира соодветна боја, иако тука и нема преголем избор. И за крај додава објаснување за графикот. Ова е се што треба да се внесе за креирање на анимација. Корисникот може да го прегледа изгледот на готовиот GIF и да го преземе истиот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии