Нова алатка на Microsoft, Audience Network ќе им помогне на маркетерите полесно да стигнат до својата публиката

Можеби рекламите на Microsoft не се импресивни како Facebook и Google, но компанијата има бизнис вреден 6,9 милијарди долари годишно. Компанијата сега ќе им овозможи на сите корисници попаметен начин да стигнат до својата публика, Microsoft Audience Network.

Вообичаено овие реклами се распоредуваат на Bing, MSN, Skype и сите останите платформи под Microsoft. Можеби помисливте дека најголем дел од податоците доаѓаат од компаниите, пред сѐ преку LinkedIn. Сепак од Microsoft велат дека компанијата доаѓа до податоците благодарение на Bing.

Вештачката интелигенција ќе им помогне на експертите за маркетинг и огласувачите полесно да ја пронајдат целната група до која сакаат да ги достават рекламите.

„Основата за тоа како ја разбираме публиката доаѓа од Bing и од прелистувачите. Ова е наш прв обид да разбереме што може да направиме со податоците за тоа каде некој работи и поврзувања со страните кои ги посетува, но и пребарувањето на Bing или некој од партнерските страници“, вели Рој Вилк, потпретседател на Microsoft.

Со помош на вештачката интелигенција компанијата најверојатно ќе ги подобри своите сервиси, но Microsoft не е зависен од рекламите. Најголем дел од профитот на Microsoft сепак доаѓа од лиценците за софтвер, облак сервисите и продажба на оперативниот систем.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии