Нов вебсајт, видеа и продавница, GG.MK продолжува во понеделник!

Добри вести за сите љубители на видеоигри, по бавното лето се враќа најдобрата емисија за гејминг, GG.MK. Гораст, Данко, Бобо и Дарко откако повежбаа Doom, Tomb Raider, League of Legends, World of Warcraft, Hearthstone и Dark Souls повторни се назад на Twitch.

Отсега содржините може да ги следите и на GG.mk. Сајтот во иднина треба да прерасне во омилената локација на сите гејмери. Се планира продавница, форум, колумни и се разбира содржина. Засега таму може да ги проследите сите емисии и интервјуа. GG се отворени за сите добронамерни забелешки и идеи и може да ги контактирате на Facebook.

„Минатата сезона помина весело и домакински како што и очекувавме. Самосвесно си наложивме нови стандари кои во принцип и се очекуваа и ги исполнивме… во поголема мерка. Досега не гледале 1.616.939 минути на Youtube и уште толку на Twitch. Бројката на прегледи е точно 299,968. Со оглед на тоа дека сме селф-буџет и селф-мотивејтед група и не е толку малку.“, вели Гораст Цветковски.

Оваа сезона емисиите ќе почнуваат еден час порано пред се да им излезат во пресрет на гледачите кои порано легнуваат. Останатото е исто. GG.MK се во живо секој понделник, а првата епизода е на 17. октомври.

Летово го имавме и најголемиот е-спорт успех, а Данко имаше ретка можност да го интервјуира Сакса. Еве што имаат да кажат за Dota 2 International и како го доживеаа ова:

„За жал не бевме заедно физички, но преписката траеше до 5 саат сабајле. Знам дека едвај чекав да дојде пригодно време за да се испојавуеме по комшии и роднини да им го плеснеме у фаца! Се разбира, успехот на Сакса напраи и лоша услуга. Сега сите деца кои треба да учат мислат дека се ПРО гејмери… gg parents!“

Се гледаме во понеделник, а дотогаш GG! ;)

1 коментар на “Нов вебсајт, видеа и продавница, GG.MK продолжува во понеделник!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии