Нов успех Final Fronter Games на Kickstarter, Merchant Cove собра над 150 000 долари

Побараа 40 000 долари за реализација, а досега добија над 150 000 долари, за реализација на новата друштвена игра Merchants Cove. Ова накратко е приказната од текот на Kickstarter кампањата на новата игра на Final Frontier Games. Ова е шеста издадена игра и шеста успешна Kickstarter кампања на Final Frontier Games.

Има уште 20 дена до крај на кампањата, а играта веќе доби поддршка од над 1 800 љубители на друштвени игри. Дизајнер на играта е Карл Ван Остранд, а за изгледот повторно се погрижи Михајло Димитриевски – Тхе Мичо.

„Имам многу добар издавач кој регрутираше многу, многу добри девелоперите и од нешто што беше добро, ја направија играта вистински елегантна. Немаше да зборувам со вас сега да не беа Џони Пек и Дрејк (Виљареал) и луѓето од Final Frontier…

Final Frontier беа одличен избор ја прифатија идејата и ја реализираа визијата од почеток до крај“, вели г. Ван Остранд во интервју за Board Game Revolution за соработката со Final Frontier.

Овојпат станува збор за асиметрична друштвена игра, што значи дека секој од играчите игра поинаку од другите. Ако се мислите колку може да биде различно играњето; карактерите во чија улога е секој играч имаат една заедничка акција, регрутирањето на помошници. Остатокот од играта е потполно различен за секој играч, и секој игра на посебна табла.  Играчите може да играат со алхемичар, капетан, ковач и хрономансер (патник низ време), и секој карактер игра поинаку, иако играат на иста главна табла. Merchants Cove веќе има и две експанзии кои ќе овозможат играње со две нови професии, препознатливиот „кафанџија“ од Cavern Tavern и „јасновидец“. Со експанзиите  Merchants Cove ќе може да ја играат 5 играчи.

Merchants Cove е на Кickstarter уште 20 дена. За 79 долари се достапни играта и „The Secret Stash“ експанзијата. За 110 долари покрај Merchants Cove и „The Secret Stash“ поддржувачите ќе ги добијат и  „The Innkeeper“ и „The Oracle“.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии