Новиот Tesla автомобил ќе чини околу 35.000 долари

Tesla Motors без сомневање ги креира најубавите електрични автомобили, за жал цената на возилата прави тие да бидат далеку од достапни за најголем број од корисниците. Ова би можело да се промени во 2017 година за кога е најавен новиот модел Tesla Model III кој би чинел 35.000 долари или речиси половина од досегашниот модел.

Веста ексклузивно за Auto Express ја потврди лично директорот на компанијата, Илон Маск. Претставувањето на моделот е најавено за втората половина на 2016 година, а во продажба би се појавил во 2017-та. Автомобилот ќе биде помал од досегашните модели, а новите фабрики за батерии кои ги отвораат од Tesla Motors ќе допринесат за намалувањето на цената на батериите. Новитет е најавата за подолг период помеѓу полнењата, па Model III би требало да поминува 320 километри со едно полнење, со што би се подобриле перформансите на автомобилот. Новите батерии ќе го подобрат и Roadster кој со нив би поминувал 640 километри помеѓу полнењата.

„Сакаме луѓето да го засакаат својот автомобил и да се радуваат секој пат кога треба да го возат“, вели г.Маск.

Заедно со најавата за Tesla Model III, најавено е можно отворање на нов развоен центар во Велика Британија, кој засега сè уште е само желба на г. Маск.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии