Нов рекорд! Една милијарда прегледи на Gangnam Style

Јужнокорејскиот феномен Psy успеа да сруши уште еден рекорд и да го направи тоа што мислевме дека е недостижно, барем не во период од само неколку месеци. Неговото видео Gangnam Style само што надмина неверојатни 1.000.000.000 прегледи на YouTube. Видеото на Psy e закачено на YouTube на 15 јуни годинава, што значи дека стигна до фасцинантната броја за само шест месеци. Само за споредба, второ најгледано видео е Baby на Џастин Бибер кое има „само“ 800 милиони прегледи, а е објавено пред две години.

Инаку, на Интернет кружи една интересна теорија дека Нострадамус го предвидел Gangnam Style и крајот на светот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии