Нов Raspberry Pi 400 компјутер во тастатура

Raspberry Pi 400 е нов компактен миникомпјутер сместен во тастатура. Сопствениците на постари домашни компјутери како Amiga, Spectrum ZX, Commodore 64 се сеќаваат на овој модел во кој сè беше „скриено“ во тастатурата.

Raspberry Pi 400 доаѓа со: четири јадрен 64-битен процесор; 4GB RAM; Wi-Fi; излези за два монитори; и 4K видео. Ентузијастите кои работат на електроника ќе се израдуваат на 40-пинската GPIO порта.

Овој модел е нешто поскап од претходните. Raspberry Pi 400 чини 400 70 долари, а заедно со глувче, напојување, microSD картичка, HDMI кабел чини 100 долари. Миникомпјутерот е веќе достапен во продажба.

Еден од најголемите придобивки на новиот модел е што е поблизок до корисниците кои немаат технички познавања. Ова се препознава и од самата форма која повеќе не е електронска плочка. Целта на компјутерот и натаму е иста. Raspberry Pi треба да биде евтина влезна точка во светот на компјутерите и веднаш да ги привлече младите во програмирањето.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии