Нов ransomware бара да ја играте PUBG еден час

Ransomware е озбилна работа, особено доколку се вдоми во вашиот компјутер, ги заклучи вашите лични фајлови и бара одредена сума пари за да ви ги отклучи истите. Но, еден нов ransomware не ви бара пари. Туку само да ја играте ултра-популарната PlayerUnknown’s Battlegrounds (PUBG) еден час, а дури ни тоа.

„Вашите фајлови се шифрирани од PUBG Ransomware!“, објаснува пораката доколку случајно го закачите овој ransomware. „Но, не се грижете! Не е тешко за да се отклучат. Јас не барам пари! Само играјте PUBG 1 час!“

Делува повеќе како шега отколку причина за главоболка. Но, за да си ги отклучите фајловите, не мора ни да играте PUBG 1 час, доволно е само да ја покренете играта за да се ослободите од штеточината. Оние кои не сакаат ни тоа да прават, можат само да го внесат понудениот код (restore code) во полето.

Од друга страна, ваквото нешто не ја кажува целата приказна и секогаш треба да сте внимателни и да не ги перципирате работите онака како што ви се сервирани. Додека вие мислите дека ова е само шега, во позадина можеби се симнува тројанец, шпиони и триста други циркуси, со што PUBG Ransomware би можел само да ја маскира улогата на нешто исклучително опасно по вашиот личен идентитет и финансии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии