Нов проблем за Android, злонамерниот Googlian зафати над милион уреди

Над милион Google профили се заразени со нов малициозен софтвер наречен Googlian, а бројката секој ден расте за околу нови 13.000 уреди. Малициозниот софтвер може да ги украде податоците на корисникот од речиси сите услуги на Google. Google Play, Gmail, Google Photos, Google Docs, G Suite, Google Drive се само дел од алатките кои се во опасност, јавува компанијата за компјутерска безбедност Check Point.

Корисниците кои апликациите на своите уреди ги инсталираат oд Google Play се безбедни. Токму третите „продавници“ за апликации се главна опасност за овој напад, иако можно е да се заразат корисници и со „фишинг“. Потоа софтверот се поврзува на сервер, прибира податоци за уредот и симнува rootkit; по што го инфицира целиот уред, а преку токените за авторизација има пристап до сите сервиси на Google.

info_3_revised_11-29-copy-1-768x512

Image: Check Point

Станува збор за поразвиена верзија на SnapPea од минатата година, која сега е далеку пософистицирaна. Во опасност се уреди со верзии на Android 4.х и Android 5.x. Закрпата е достапна од поодамна, но за жал производителите сè уште не ги надградиле своите уреди.

Листата на инфицирани апликации е подолга, а дел од нив се: Perfect Cleaner, WiFi Enhancer, StopWatch, Memory Booster. Листата на сите апликции кај кои е забележан малициозниот софтвер може да ја разгледате на Check Point.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии