Нов Opera Mobile 12 прелистувач за Android и Symbian, Opera Mini 7 за iOS

Тимот од Opera не седи мирен додека нивната конкуренција работи на нови прелистувачи. Opera сега го најави својот нов Opera Mobile 12 прелистувач за мобилни уреди Android и Symbian и полесна варијанта за iOS наречена Opera Mini 7.

Не очекувајте огромни промени во корисничкиот интерфејс, но затоа под хаубата на Opera може да забележите со што се занимавале дечките од Opera цело ова време. Одсега Opera ќе има поддршка за нивниот Ragnarоk кој ќе ви овозможи помазно и брзо сурферско искуство, воедно овозможувајки поголема софистицираност на веб апликации.

Исто така 3Д хардверот што се наоѓа во модерните мобилни уреди сега ќе биде безмилосно искористен кога се работи за пристап до 3Д содржини преку вашиот прелистувач.

За полесната варијанта на Opera, која е наменета за iOS уредите на Apple, новитетите се сочинуваат од можност за зумирање, до подигнување датотеки преку Opera, подобрена компресија на информациски сообраќај кога се работи за iPhone 4 или iPhone 4S уредите и други поправки на багови. Не заборавајте дека веб страните што ги гледате преку вашиот iOS уред кога прелистувате преку Opera се компресирани на серверите на Opera, што ви овозможува многу побрз пристап до содржини, и количина на сообраќај што е на диета. На овој начин Опера овозможува поумерено користење на вашата 3G врска.

[youtube]gtDf2AXCPP0[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии