Нов мистериозен предизвикувач ги победува најдобрите играчи на Go

Како во филм, нов таинствен играч се појавува од никаде и ги победува сите. Никој не го знае играчот, а тој веќе има 50 победи во Go. Мистериозниот играч е AlphaGo, вештачката интелигенција на Google која по сè изгледа сосем ја совлада играта.

Вештачката интелигенција има 50 победи од 51 натпревар. Последниот натпревар заврши нерешено или вештачката интелигенција е без пораз во 51 натпревар, што е импресивно. Станува збор за надградба на првата верзија на AlphaGo, но од Google не беа подготвени да ја споделат информацијата досега.

Новата верзија на AlphaGo ја откри и ја претстави Демис Асаби, ко-основач на DeepMind проектот.

„Работевме напорно да ја надградиме верзијата на AlphaGo. Последниве неколку денови игравме неофицијални брзо-потезни натпревари со новиот прототип, за да провериме дали е сѐ како што се надевавме. Им благодариме на сите кои играа со нашиот профил Magister (P) и Master (P) на Tygem и на FoxGo серверите, но и на сите кои уживаа следејќи ги натпреварите. Возбудени сме од резултатите, а Go заедницата ќе може да научи многу од иновативните потези кои ги влечеше иновативната верзија на AlphaGo“.

Присуството на нов и мистериозен играч не помина незабележително. Форумите за Go дискутираа за новиот таинствен натпреварувач, пишува ArsTechnica. Гу Ли, кој е еден од најдобрите играчи на Go, вели дека AlphaGo игра поинаку до луѓето. „Најпрво ќе ги збуни играчите со својот потег, а по анализа на потегот сфаќате дека тоа е неверојатен потег“, додава г. Ли.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии