Нов MacBook Air и iPad Pro

Дејан Соколоски

во feature, Хардвер

Image courtesy of Apple / YouTube

Кога пред десетина дена Apple најави нов настан, беше јасно дека нема да има нови телефони. Речиси веднаш беше јасно дека компанијата ќе претстави нов iPad или Mac Book, или можеби и двете.

Apple претстави неколку надградби, најголем дел од надградбите на уреди кои беа на ред за промена од поодамна.

Mac Book Air

Вообичаено Apple во најавата секогаш кажува „најдобар внеси име на уред“ досега. Сепак кога новиот Mac Book Air е во прашање компанијата е во право. Главна причина за ова е огромниот скок со промената на дисплејот. Од 1440×900, на 2560×1600 секако е лесно воочлива и голема промена.

Уредот ќе доаѓа со осма генерација i5 процесор, 8 GB RAM и 128 GB SSD. Можна е надградба до 16 GB RAM и 1,5 TB SSD.  Процесорот кој доаѓа со основната верзија на MacBook Air е на 1,6 GHz. Колку одамна не е направена надградба на хардверот, најверојатно доволно покажува што процесорот менува 5 генерација Intel i5.

13.3-инчниот лаптоп сега доаѓа и со низа помали надградби. На пример, звучниците се 25% погласни, уредот е 250 грама полесен, и секако потенок. Дополнително, безбедноста е зголемена со додавање на Touch ID.

Цената на новиот MacBook Air е 1 200 долари. Ова секако е висока цена за основен модел, но хардверот е солиден, а Apple и онака отсекогаш е поскап од конкуренцијата.

iPad Pro

Откако неколку настани по ред не видовме нов iPad, овој пат надградбата не е изненадување. Дел од додатоците се веќе присутни во телефоните на Apple, па самото интегрирање на технологијата секако не е изненадување.

Првата и најлесно забележлива примена е поголемиот екран. Иако најверојатно подеднакво едноставно ќе биде да се забележи и недостатокот на „Home“-копчето. Новиот уред нема простор за читач на отпечаток, што значи дека и овде Apple ќе го користи Face ID. Со исклучок на претходната генерација на iPad Pro, Apple веќе и нема iOS уред со читач на отпечаток. Ова секако значи дека компанијата во целост е задоволна од перформансите на Face ID.

Со новиот A12X Bionic чип iPad Pro е побрз 35% кога работи со едно и дури 90% побрз при работа со повеќе јадра.

Овој пат има 2 нови iPad таблет компјутери; еден помал 11-инчи и поголем 12,9-инчен модел. iPad доаѓа со поголем екран кој зафаќа поголем простор од површината, сепак не баш како со iPhone, па за среќа нема заб за камерата. И уште едно изненадување, ова е првиот iPad со USB-C приклучок.

Надградба има и на електронското пенкалце кое е помало помазно и полесно за држење, вели Verge.

Лоша вест е дека и цената е повисока. Помалиот 11-инчен модел со 64 GB простор чини 1000 долари, а 12,9-инчниот модел со сите надградби е 1900 долари, што е помалку луда цена за таблет компјутер.

Уредите се достапни во претпродажба, а од 7 ноември започнува официјалната продажба.

MacBook Pro сега со Vega

Минимална, но се чини забележителна надградба за сите кои работат со видео содржина има и MacBook Pro. Надградени се графичките картички и сега доаѓаат со AMD Vega.

Ова овозможува до 60% подобри перформанси при уредување видео, 3Д обработка и рендерирање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии