Нов код од МIT ќе обезбеди добар пренос на податоци и на лоши мобилни мрежа

Новиот начин на код за поправање на грешки (Error Correcting Code), што е дел од поновите проекти на универзитетот MIT, ќе ги кодира податоците подобро со цел да не загубат од точноста без разлика на шумот присутен во каналот без разлика дали станува збор за оптички влакна или безжична конекција.

Идејата на истражувачите од MIT е со употребата на алгоритми за корекција на грешка значително ќе го подобри безжичниот прием да се овозможи везжичната конекција преку која без проблем ќе се праќаат податоци, без врска дали конекцијата прекинува или не.

Секој безжичен уред најпрво праќа тест порака со која се проверува шумот на каналот, а должината на тест на пораката зависи од нивото на шум. Проблемите кои се јавуваат се: нивото на шум може да биде преголемо и тест сигналот станува предолг, или во канали со променлив шум, одбраниот тест сигнал може да биде прекраток.

Решението на MIT е да се испрати долг тест сигнал кој ќе биде поделен на делови. Според објаснувањето на професорот Грегори Ворнел, најпрво се испраќа првиот дел од тест сигналот без разлика дали ќе пристигне или не. Следен се испраќа вториот дел, па третиот и така редоследно. Вака споениот тест сигнал е погоден за канали со повисоки нивоа на шум. Сегментите од поделениот тест сигнал се испраќаат се додека на приемниот уред не му се испратат доволно податоци за декриптирање на сигналот. Поради ова системот е погоден за канали со малку шум, но и за канали со многу шум.

Според професорот Висент Пур, прилагливоста на системот на канали со променливо ниво на шум во иднина ќе го направи незаменлив во безжичните комуникации и ќе стане стандард за поврзување на сите преносни уреди.

1 коментар на “Нов код од МIT ќе обезбеди добар пренос на податоци и на лоши мобилни мрежа

  1. ne bi sakal da mrcam ama ovaa statija ne e voopsto dobra
    sto napravile NOVO MIT ne sfakam zatoa sto veke postoeckiot nacin na rabota preku TCP/IP raboti tokmu na ovoj nacin
    ima kod so korekcija na greska i infomraciite se prakaat segmentirano
    edinstveno sto mozam da pretpostavam od blediot opis e deka sakaat da napravat promenliva dolzina na paketite vo odnos na nivoto na sum

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии