Нов jailbreak го отклучува секој iPhone

Необјавен пропуст во iOS овозможува „jailbrake“ на сите iPhone телефони. Ова не само што важи за постарите модели за кои можеби и претходно имаше начин да се заобиколи заштитата, туку важи за сите уреди до iOS 13.5.

Групата unic0ver го објави овој „jailbrake“ кој може да се користи на сите верзии на iOS од iOS 11 до iOS 13.5 која е и актуелна верзија на оперативниот систем.

Apple и iOS важат за побезбедни уреди од конкуренцијата главно и поради строгите критериуми и ригорозниот процес на одобрување на апликациите на App Store. Ова ја зголемува безбедноста, но истовремено не им овозможува на корисниците на iPhone да го прилагодат својот телефон како што сакаат или да инсталираат неодобрени апликации.

Овој процес на одобрување на апликации ја зголемува безбедноста, па дури и Android кој во еден период немаше вакви правила го донесе за апликациите на Google Play.

Последниве неколку години повеќе пропусти на iOS и macOS оперативниот систем малку го нарушија имиџот на супер безбедна заштита. Поради ова брокерите на безбедносни пропусти Zerodium прекинаа да купуваат пропусти за iPhone, вели TechCrunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии