Нов изглед и подобрена функционалност на Steam

Најновото надополнување за клиентот Steam беше пропратено и со содржински промени во начинот на кој се сервираат податоците за игрите.  Новите алатки и опции допринесуваат до прилагодлива продавница која е уникатна за секој корисник и дава поголема слобода при прелистување, откривање и купување на игрите.

Quick Access е област каде имате директни линкови до најчесто користени дестинации, како и нови секции за полесно расчленување на пребарувањата. Во поглед на прилагодувањата, во горниот агол на секоја слика имате додатно мени кое ви дозволува инстантно да ставите одредена игра во вашата wishlist-а, да ја етикетирате како неинтересна или пак целосно да навлезете во опциите за уште подлабоко прилагодување.

slika-1

Областа за зделки е додатно рафинирана и ви дозволува поедноставно и визуелно поисполнително преслистување, а новата алатка за нагласување игри (highlights) успева во интерактивно прикажување додатни информации кои се како директен резултат од вашето влијание во клиентот. Имено, игрите кои се покажуваат се како резултат од тоа што и колку време вие играте или пак што вашите пријатели, односно куратори препорачуваат.

Recently viewed табот е корисна алатка за лесно навраќање на оние игри кои претходно сте ги разгледувале, а Friends Activity е областа каде вие и вашите пријатели лесно си кажувате едни на други што играте во моментот.

slika-2

Discovery Queue е старата добра алатка за откривање игри слични на вашиот вкус и можност за едноставно следење, игнорирање или пак поставување на Wishlist-ата.

Најчесто посетуваните дестинации се визуелно променети и овозможуваат олеснет приказ и пристап, а сите оние кои следат куратори имаат на располагање проширена алатка со која добивате инста-преглед за нивните најнови рецензии и препораки.

Скролувајќи подолу, доаѓате до одделот за најново апдејтувани игри. Од сега, меѓутоа, генерирањето на листата е потпомогнато од алгоритми за прикажување игри кои веќе ги поседувате или се на вашата wishlist-а.

slika-3

Одделите кои прикажуваат популарни нови игри, најпродавани игри или игри на попуст конечно се проширени со филтри кои не ги прикажуваат игрите кои веќе се во ваша сопственост. Тагови или игри кои се етикетирани како неинтересни од вас веќе нема да се прикажуваат тука. Уште подобро, со поставување на стрелката на одреден игра, автоматски добивате корисен преглед со тагови и скриншотови од десната страна.

Најдолу од предната страна на Steam ве чека опцијата за скролување и откривање игри во зависност од вашите интереси и интересите на вашите пријатели и куратори.

Со сево ова, Steam и понатаму продолжува да биде лидер во гејмерската индустрија и одлична дестинација за сите гејмери.

Која опција највеќе ви се допаѓа? Кажете ни во коментарите, на друштвените мрежи или во гејминг секцијата на ИТ форум!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии