Нов Hyperloop започнува да се гради во Франција

Дејан Соколоски

во Вести

Во Франција започнува изградбата на најголемиот Hyperloop досега. Hyperloop Transportation Technologies ќе го гради 320 метарскиот систем кој е со најголем дијаметар во светот.

Почетокот на системот треба да биде завршен до 2019 година, а потоа ќе бидат додаден уште 1 километар. Ова е прв пат системот за транспорт кој ќе биде тестиран да биде поблизок до некои реални димензии кои би се користеле и во вистинска употреба. Компанијата веќе работи и на „вагон“ за превоз на помеѓу 28 и 40 патници.

Разликите со конкуренцијата се главно во димензиите. Hyperloop Transportation Technologies тестира тунел со дијаметар од 4 метри.  Овие димензии најверојатно би можеле да се користи и за практичен пренос.

Што е Hyperloop?

Hyperloop One е решение кое засега е во фаза на развој. Првата идеја и основните нацрти ги сподели Илон Маск пред неколку години, и ги отвори за сите кои сакаат да ја развиваат технологијата.

Системот е составен од неколку дела. Санка, капула, вагон или кочија за превоз на патници. Оваа капсула се сместува во цевка со специфични услови, за намалување на триењето, капсулата левитира на своите лежишта. За левитација се користи истиот воздух кој ја придвижува капсулата нанапред.

Идејата е движењето на капсулата да биде во вакум, притисокот пред капсулата ќе биде многу понизок од оној зад капсулата и таа ќе се придвижи многу брзо. Засега делот со движење во вакум и во услови со намален притисок не се тестира. Неодамна г. Маск најави дека ќе пробаат да достигнат брзина, половина од брзината на звукот.

Засега технологијата е во тест фаза и сè уште тестовите се во делот на забрзување, додека се користат линеарните мотори. Ова е само прв дел од транспортот, но за движењето во вакум се чини дека сè уште e рано. Теоретски овие возила би можеле да се движат со брзини до 1.046 km/h.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии