Нов електричен автопат ќе ја поврзе Европа од Норвешка до Италија

Компаниите E.ON SE и Clever го објавија следниот чекор за електричните возила во Европа. Станува збор за електричен автопат кој ќе поврзе голем дел од континентот. Ова е „EU flagship“ проект кој од Европската комисија дови инвестиција од 10 милиони евра.

Автопатот ќе го поврзува континетот од Норвешка до Италија. Планот е по целата должина на автопатот да бидат поставени ултра-брзи полначи. Овие полначи треба да бидат поставени во следните три години.

„Заедно со силни партнери го почнуваме овој заеднички чекор за воспоставуање на ултра-брза мрежа за полнење во Европа. Ова ќе биде доказ за нашата посветеност за обезбедување на практични решенија за е-мобилност на нашите клиенти во Европа. Сметаме дека доверлива и ултра брза мрежа за полнење, во комбинација со нашите домашни и дестинациски решенија е главен предуслов за масовна употреба на е-мобилност“, вели Френк Маер од EON.

Полначите се распределени во 7 држави. Најголем дел од нив ќе бидат поставени во Германија, па Франција, Норвешка, Шведска, Велика Британија, Италија и Данска. Секој од полначите ќе има можност за истовремено полнење помеѓу 2  и 6 возила. Првите полначи ќе ги поврзуваат Германија и Данска.

Од она што е познато за проектот, овие полначи ќе бидат на 120 до 180 километри растојание. Ќе треба да ги наполнат батериите на возилото да може да поминат 400 km за помеѓу 20 и 30 минути. Во почеток мочноста на полначите ќе биде 150 kW со можност за надградба до 350 kW.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии