Нов Dota 2 International, нови рекордни 12,5 милиони долари за награди

Гејминг турнирот Dota 2 International го сруши сопствениот рекорд во награден фонд. За турнирот веќе се соберени 12,5 милиони долари преку краудфандинг, и со оглед да тоа дека сеуште има многу време пред да започне турнирот, овој фонд најверојатно ќе продолжи да расте.

Како и минатата година Valve го издаде додатокот од чија продажба 25 отсто одат во наградниот фонд на турнирот. Колкаво значење има ова за крајната големина на наградниот фонд, најдобро покажува тоа што од вкупните 12,5 милиони, Valve има инвестирано 1,6 милиони долари, остатокот доаѓа од заедницата. Ова покажува дека досега се купени над 4 милиони Compendium-и, преку кои се допринесува кон фондот во замена за додатоци во играта. Оваа година Compendium доаѓа и со премиум верзија со чие купување корисникот веднаш станува 50 ниво и го добива сите награди за ова достигнување.

До крајот на финансирањето за Dota 2 International остануваат уште два месеци, но рекордот е веќе надминат за повеќе од 1,5 милиони долари. Иако можеби наградниот фонд изгледа преголем, е-спортот е сè уште далеку од наградите кои се нудат во обичните спортови. Неодамна за бокс натпреварот помеѓу Флој Мејведер и Мани Пакијао наградите кои ги поделија спортистите достигнаа неверојатни 250 милиони долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии