Нов часовник, iPad и iOS 14

Дејан Соколоски

во Вести, Хардвер

Image courtesy of Apple

Оваа есен Apple наместо еден организира два настани на кои ќе претстави хардвер. Дел од хардверот го видовме вчера; Apple претстави надградби на Apple Watch и iPad, а од денес се достапни и новите верзии на iOS, iPadOS, watchOS и tvOS.

Поинтересниот настан на кој ќе биде преставен новиот iPhone доаѓа подоцна, но и на овој имаше доволно нови уреди за љубителите на хардвер.

iPad Air

iPad Air доживеа редизајн и сега е многу поблизок до iPad Pro. Ова најмногу се должи на намалувањето на рамката околу екранот. Новиот таблет доаѓа и со нов процесор. A14 Bionic е шест јадрен, 5nm процесор, кој заедно со остатокот од надградениот хардвер ќе понуди 40 отсто подобри перформанси.

Надградби има и во камерата која сега е 12MP иста како онаа која Apple ја користи во Pro моделот на таблет компјутерот. Предната камера е 7MP со smart HDR и поддршка за 1080р 60fps видео.

Таблетот сега ќе нуди поддршка за електронското пенкало, кое сè уште чини 120 долари. Дополнително со таблетот ќе може да се користат и Apple тастатурата и тастатура-прекривката Smart Keyboard Folio.

Apple Watch

Покрај таблетот Apple претстави надградба и на паметниот часовник. Веројатно најголема промена кај часовникот е преставувањето на нова, SE верзија на уредот. Слично како и телефонот, новиот SE часовник е поевтина верзија на оригиналниот уред. Apple Watch SE е алтернатива на Apple Watch Series 6.

Apple Watch 6 доаѓа со S6 процесор кој е верзија на A13 процесорот за паметни часовници. Надграден е и екранот, кој сега е два и пол пати посветол. Apple на новиот часовник додаде сензор кој на корисниците ќе им ја покаже сатурацијата со кислород.

Часовникот е достапен во претпродажба, а испораката и продажбата започнуваат во петок. Цената на основниот модел е 400 долари.

Поевтиниот Apple Watch SE доаѓа со исти сензори како и „големиот брат“: акцелерометар, жироскоп, алтиметар и сензор за детектирање на пад.

Заедно со часовниците Apple претстави и нова услуга, Apple Fitness+. Станува збор за сервис кој на претплатниците им овозможува да следат фитнес програма на Apple. Дел од курсевите се кардио вежби, но и часови по јога. Цената на претплата е 9,99 долари месечно или 80 долари годишно.

iOS 14, iPadOS 14 и WatchOS7

Надградбата на оперативниот систем на уредите на Apple започнува од денес. Покрај телефоните и таблетите нова верзија на оперативниот систем ќе добијат и паметниот часовник и Apple TV box.

Apple One

Конечно Apple претстави и претплата во пакет. Компанијата го рекламира пакетот како сè на едно место, но всушност нуди 3 различни пакети.

  • Индивидуален доаѓа со Apple Music, Apple TV+, Apple Arcade, и 50GB простор на iCloud за 15 долари месечно.
  • Семеен пакет доаѓа со Apple Music, Apple TV+, Apple Arcade, and 200GB простор на iCloud за 20 долари месечно, а можат да го делат 6 членови на семејството.
  • Премиер ги вклучува сите сервиси на Apple, но зависи дали се достапни на локацијата. Apple Music, Apple TV+, Apple Arcade, Apple News+, Apple Fitness+, 2TB простор на iCloud за 30 долари, и можат да го делат 6 членови на семејството.

Следниот настан на кој Apple ќе ја претстави следната генерација на iPhone веројатно ќе се случи многу брзо, можеби веќе во првата половина на октомври.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии