Нов Bluetooth чип ќе ги подобри бежичните уреди

Нов чип од Qualcomm ќе го продолжи времето помеѓу полнењата и ќе го подобри сигналот на слушалките кои користат Bluetooth. Bluetooth технологијата постои повеќе од 15 години, но дел од техничките недостатоци сè уште не се надминати. Секако технологијата постојано се надградува, а новиот чип е уште еден чекор.

QCC5100 Low Power Bluetooth SoC ја зголемува енергетската ефикасност и ја намалува потрошената електрична енергија до 65%, пренесува Gizmodo. Чипот има и подобар сигнал што треба да го подобри приемот во случаи кога ги користите слушалките на места каде има повеќе слични уреди. Дополнително, чипот е два пати помоќен од сегашната верзија.

„Веруваме дека наскоро ќе биде потребен насекаде“, вели Ентони Мареј, заменик претседател на одделот за глас и музика во Qualcomm.

Чипот поддржува Bluetooth 5, но за жал оваа технологија сè уште не е широко распространета, со исклучок на неколку понови телефони. Qualcomm откри дека соработува со повеќе компании со кои би го ставиле чипот во своите слушалки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии