Нов безбедносен пропуст го забрза затварањето на Google+

Google+ ќе биде затворен за корисници во април. Google претходно го најави затворањето на платформата за август, но нов безбедносен пропуст го забрзува затворањето на платформата.

Пропустот кој го открија зафаќа 52,2 милиони корисници на платформата. За дел од корисниците ова значи дека можат да им бидат „украдени“ личните податоци. Дел од податоците се имињата, имејл адресите, занимањето и возраста. Пропустот е откриен во март оваа година, но е објавен сега, повеќе од една година подоцна.

Развивачите на апликации за платформата благодарение на пропустот може да дојдат до податоците на корисниците, иако корисникот не ги оставил овие податоци да бидат јавно достапни. Откако Google го открил пропустот проблемот бил затворен за 6 дена. Сепак компанијата одлучи дека ќе го забрза затворањето и на мрежата, а и на API-то. Google+ официјално ќе биде затворена во април, а апито ќе биде недостапно за најмногу 90 дена, вели Quartz.

Ентерпрајз верзијата на Google+, намената за компании и организации, ќе продолжи да функционира, сепак и таму се најавени промени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии