Нов безбедносен пропуст на Facebook овозможи пристап до фотографии на 6.8 милиони корисници

Само што ќе помислите дека најлошото мора да е зад Facebook, друштвената мрежа ќе ви приреди ново непријатно изненадување. Безбедносен пропуст овозможи пристап до фотографии на 6.8 милиони корисници. Станува збор за слики кои не би смеело да стигнат до апликациите, а сепак стигнале.

Пропуст во Photo API им овозможува на сите креатори на апликации кои го користат апито да повлечат многу повеќе фотографии отколку што е дозволено. Најголем проблем е можноста за повлекување на слики кои се качени, но не објавени.

Добра вест е дека сликите кои се разменети во приватни пораки не се дел од овој пропуст. Дел од сликите кои се споделени без дозвола се од „Facebook Stories“ и „Facebook Marketplace“.

Пропустот бил отворен 12 дена од 13 септември до 25 септември. Засега е нејасно зошто компанијата чекала 2 месеци да го објави пропустот. Facebook објави дека сите корисници кои користат дел од овие апликации ќе добијат известување. Според Facebook пропустот зафатил 6.8 милиони корисници и 1.500 апликации на кои работеле 876 развивачи.

Причина за пропустот е грешка поврзана со Facebook Login и Photos API.

За Facebook 2018 година и без последниот пропуст ќе остане година на нарушување на приватноста.

1 коментар на “Нов безбедносен пропуст на Facebook овозможи пристап до фотографии на 6.8 милиони корисници

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии