Нов Android malware им ги испраќа вашите слики на пријателите

Никој не може да им забележи на злонамерните девелопери дека имаа недостиг од креативност. Нов Android малициозен код ги споделува личните фотографии на корисникот со неговите пријатели, ако не плати откуп. Малициозниот код е наречен LeakerLocker.

Ова секако не е проблем за корисниците кои немаат „проблематични“ фотографии. Но дел од корисниците можеби ќе бидат охрабрени дека е подобро да платат отколку да ги споделат своите интимни фотографии со пријателите. За да го спречат споделувањето на податоците корисниците треба да исплатат 50 долари.

По „закачувањето“ на вирусот корисникот ќе добие порака дека неговите лични податоци се прикачени на сервер и има 72 часа пред да бидат испратени на сите негови контакти. По исплаќањето напаѓачите тврдат дека ги избришале сите податоци на корисникот, но секако нема никаков доказ за ова, а и праксата вели дека такво нешто е вистинска реткост да се случи.

Малверот досега е пронајден на 2 апликации. Wallpapers Blur HD со помеѓу 5.000 и 10.000 преземања и Booster & Cleaner Pro со помеѓу 1.000 и 5.000 преземање. Она што е загрижувачко е што апликациите беа достапни на Google Play.

Кодот први го забележaа експерите на McAfee, а освен фотографии ќе бидат зачувани и: историја на посетени веб-страници, Facebook-комуникација, GPS локации и имејл пошта, јави Ibtimes.

Image: McAfee

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии