Носталгично слушање музика со WinАmp 5.8

Мартин Јованчевски

во Софтвер

Во деведесеттите и почетоците на 2000, WinАmp беше еден од најдобрите плеери за музика. Крајно флексибилната алатка беше број 1 дестинација за репродукција на омилените музички нумери. Веќе добри пет години како софтверот е повлечен од дистрибуција. Неодамна, меѓутоа, се дозна дека се работи на шестата верзија. Набргу по најавата, произлезе недозволена верзија на програмот. Сакајќи да ја обесхрабрат дистрибуцијата на таквиот софтвер, компанијата исфрли нова WinАmp верзија. WinApm 5.8 се наоѓа во бета верзија и може да се преземе од тука. Програмот не се премногу разликува од верзиите на кои претходно имате навикнато, но одредени нови функции, како подобрувања во codec-от допринесуваат до значително подобар квалитет.

Најдоброто во сево ова е тоа што WinApm 5.8 е бесплатна верзија, а сите Pro елементи се вклучени во неа. Тоа значи дека не мора да платите ништо за да го извлечете максимумот од алатката. Од компанијата зад WinAmp објаснуваат дека оваа верзија нема понатаму да се доработува и дека тие максимално се вклучени во изработка на целосно нов WinAmp. Оние кои сакаат да ја обликуваат иднината на алатката можат да го дадат нивниот придонес во форми на повратни информации преку анкетата која се наоѓа на официјалниот сајт.

Кога се работи за слушање музика, нам нѝ се исклучително допаѓаат и можностите на Foobar2000.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии