Норвешко средно училиште воведе часови по е-спорт

Додека македонските политичари се чудат што е тоа е-спорт?, средно училиште во Норвешка, Garnes Vidaregåande Skole, одлучи дел од часовите по физичко воспитување да ги замени со часови по гејминг. Класичните часови за спорт остануваат, но дел од учениците ќе можат да ги заменат фудбалот и трчањето со видеоигри. За почеток предметот ќе биде воведен во еден клас, а за учество ќе биде потребна и дозвола од родителите. Учесниците ќе можат да се натпреваруваат во неколку игри: Starcraft 2, Counter Strike: Global Offensive, Dota 2 и League of Legends. Часовите ќе бидат достапни на VG1 наставата, а доколку биде успех наставата ќе биде проширена на повеќе училишта, јави Tech Insider.

Ако се сомневате дека ова не е добра идеја, делумно сте во право. Видеоигрите се зависни, посебно за помладите играчи, и седењето пред компјутер цел ден не е добро за телата на децата. Но, се покажува дека видеоигрите имаат придобивки – од зголемување на концетрацијата и лидерските способности до подобрување на рефлексите.

Не треба да се заборави дека е-спортот станува сѐ попопуларен. Наградните фондови на турнирите веќе изнесуваат десетици милиони евра, па часови по е-спорт не се никакво изненадување, иако можеби никој не се надева дека ќе ги види во образовните институции. До 2018 година очекувањата се дека средствата околу гејминг турнирите ќе достигнат вкупно над 2 милијарди долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии