Норвешката компанија Opera Software, се ребрендира во Othello

Дејан Соколоски

во Веб

Норвешката компанија Opera Software, автор на популарниот прелистувач се ребрендира во Othello Corporation ASA, јави Reuters.

Компанијата е најпозната по развојот на Opera, но прелистувачот од 2016 година е во сопственост на кинески конзорциум. Во јули 2016 конзорциумот го купи прелистувачот за 600 милиони долари. Конечно зделката е финализирана минатиот месец, јави Next Web.

Промената на името е законска обврска на компанијата, бидејќи кинескиот конзорциум ги купи и правата на користењето на името.

Остатокот од компанијата, сега Othello, продолжува со развој на софтвер за реклами, телекоми, игри и онлајн бизниси. Заедно со новото име, ќе биде променето и препознатливото лого.

Прелистувачот Opera и Opera Mini ќе го задржат своето сегашно име.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии