Нортел со договор од 100 милиони во Индија

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Канадската корпорација Nortel Networks победи во учеството на тендер за снабдување на безжична технологија во Индија, вреден 100 милиони американски долари. За компанијата која изминативе неколку години се обидува да се опорави од финансиските скандали кои ја потресоа, овој тендер претставува голем чекор кон подобрување на својата позиција на светскиот пазар.

Помеѓу компаниите договорено е користење на малку застарена GSM (Global System for Mobile Communications) технологија, со што Nortel истакнува дека сеуште во светот постојат пазари од кои може да се профитира со користење на стара опрема.

Имено, Nortel има соработувано со индиската компанија Bharat Sanchar Nigam и порано, но за жал неуспешно и со цел да се спасат од губење на средства, тогашниот извршен директор Бил Овенс реши да го избегнува индискиот пазар. Одлуката за учество во овој тендер е базирана на бизнис политиката на сегашниот извршен директор Мајк Зафировски, по потекло македонец. Имено, неговата стратегија за правање на овој чекор се верувањата дека компанијата може успешно да заработи во големи зделки во Индија бидејќи тамошниот пазар расте рапидно.

BSNL е државна компанија која има над 20 милиони корисници и забележува значајни успеси во својата индустрија.

Nortel за овој договор изјави дека ќе биде завршен кон крајот на оваа година, со пријавување на добивката во истата. На прес конференцијата исто така беше објавено и дека компанијата има склучено пет годишен договор со U.S. Wireless за продавање на опрема која ќе ги услужува шесте милиони корисници во 26 американски држави.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии